На англискиот дефанзивец не му е потребен медал: „Мене ми е важн сеќавањето на успехот“

Дефанзивецот на Англија, Марк Гехи, понесе голем товар на патот кон успехот и пласманот во финалето на „гордиот албион“. До крајот на Европското првенство останува да се одигра само уште големото финале, а на патот до трофејот на Англија стои уште непоразената селекција на Шпанија.

Одбраната на Англија ќе биде тежок испит, но Гехи вели дека медалот од Европското првенство не му е потребен, за него важни се само сеќавањата на големиот успех.

„Медалот ќе им го дадам на моите родители, тие ќе ја чуваат. Мене ми се важни сеќавањата кои може да се поделат. Искрено, тоа е најважно. Уживам. Понекогаш сум нервозен, но се обидувам тоа чувство да ми биде од помош.“ – вели Гехи.

Фудбалерот на Кристал палас летово може да го направи и трансферот на кариерата, бидејќи за неговиот потпис силно притиска Манчестер јунајтед, па оваа 2024-тата за него може да остане во долго сеќавање.

- Оглас -

Најнови вести