Тјери Анри повторно не успеа да се израдува на победа на Монако, а трет меч откако е тренер на клубот од кнежевството нема рецепт за победа.
И вечерва Монако не победи, иако беше фаворит против Дижон, дури се спасуваше и од пораз. Мечот заврши нерешено 2:2.
Со голот на Хенрикс, Монако поведе, но потоа Дижон направи пресврт со погодоците на Алфонс и на Абеид и имаше предност до 78. минута. За реми сепак се погрижи Гилк со прецизен удар во 78. минута.
Анри неодамна беше промовиран во нов тренер на Монако, и за првпат ја има улогата на главен тренер и тоа во клубот во кој ја почна блескавата фудбалска кариера.