На Аргентинците им олесна: Со Скалони ќе атакуваат и на трофејот на Копа Америка

Аргентинската фудбалска репрезентација доминира во светскиот фудбал, а тоа беше крунисано и со планетарниот трофеј од Мундијалот во Катар пред една и пол година. Лионел Скалони е селекторот кој го создаде шампионскиот состав на Гаучосите, кои продолжија со одлични резултати и во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Аргентина е убедливо прва во тие квалификации, а пред два месеца успеа да го победи Бразил на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. По тој меч започнаа шпекулации дека Скалони може да го напушти селекторското место, но сега стигна потврда дека тој останува предводник на националниот тим, и тоа барем до Копа Америка ова лето.

Гаучосите го бранат трофејот на Копа Америка и, секако, се едни од главните фаворити за нов трофеј. Главна цел на луѓето од Аргентинскиот сојуз е Скалони да остане селектор и за Светското првенство во 2026 година. Тој е селектор од 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести