На Артета среде прес-конференција му кажаа за одлуката на Пике, реакцијата му беше бесценета! (Видео)

Одлуката на Жарарт Пике за завршување на играчката кариера, и тоа не по завршувањето на сезоната туку уште утре, шокира многумина.

Со заминувањето на Пике во пензија, Барселона ќе заштеди 50 милиони евра, затоа и од клубот не се претргнаа да го премислат, напротив, Пике трпеше многу критики дури и од членови на раководството, особено по киксот при првиот гол против Интер.

Од многуте реакции на одлуката на каталонскиот дефанзивец, најинтересна е онаа на Микел Артета, кој е тренер на Арсенал. Артета на прес-конференција дозна дека Пике објавил повлекување, а вистински хит е неговата реакција кога му кажаа дека Пике ќе се повлече по мечот против Алмерија, кој се игра викендов (утре од 21 часот). Е, тоа беше вистински шок за Артета.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1588300795061092352

- Оглас -

Најнови вести