Омија Ардија славеше со 3-0 против Ависпа Фукуока во меч од јапонската втора лига, на кој третиот гол го постигна македонскиот фудбалер Давид Бабунски. На Бабунски, кој влезе во игра во 82-рата минута, не му требаше премногу време за да ја затресе мрежата на гостите. За Бабунски ова е негов втор погодок во последните три недели.
Омија е втора во втората јапонска лига и има реални шанси за пласман во најдобрата лига. Првиот ѝ бега три бода, а третата Јокохама заостанува два бода зад Омија. До крајот на сезоната има уште три кола.