На Баерн му прејде во навика да губи со 0-2 по првото полувреме (Видео)

Баерн Минхен второ коло по ред во Бундеслигата губи со 0-2 по првото полувреме. Минатиот пат Баерн не се снајде на снежниот терен против Арминија и губеше со 0-2, но потоа на суво одигра конечни 3-3. Овојпат нема снег, но ќе им биде потешко да се извлечат од пораз, бидејќи противник им е опасниот Ајнтрахт против кого традиционално имаат проблеми. Во минатата сезона во Франкфурт, баварците беа прегазени со 1-5.

Лука Јовиќ имаше убава шанса за 3-0, тој уште го чека својот прв гол во кариерата против Баерн, но затоа расположени се другите играчи на Ајнтрахт. Јапонецот Камада погоди за 1-0, а водството го зголеми Амин Јунес со феноменален гол.

Погледнете го голчиштето на Јунес и немоќта на Мануел Нојер:

https://twitter.com/i/status/1363142954840424448

- Оглас -

Најнови вести