Хари Кејн и Лирој Сане му донесоа победа на Баерн од 3-2 против Санкт Паули, па сега Баварците повторно имаат шест бодови предност во однос на второпласираниот Баер Леверкузен во трката за титулата во Бундеслигата.
Кејн првпат даде гол против клубот од Хамбург, па сега може да се пофали дека им постигнал гол на сите 19 тимови против кои се сретнат во Бундеслигата. Сане беше двоен стрелец со два гола во второто полувреме.
На мечот Хофенхајм – Аугсбург се пишуваше историја. Гостинскиот играч Самуел Есенде даде гол само 15 секунди по влегување во игра и тоа е најбрз гол на резервист по влегување во игра во поновата историја на Бундеслигата. Голманот Фин Дамен конечно прими гол после дури 11 полувремиња без да биде совладан. Крамариќ од пенал му ја прекина феноменалната серија на Дамен.