20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

На Баерн не му беше до радост за победата поради катастрофата која се случи во 54 минута

Баерн Минхен очекувано победи на гостувањето кај Аугсбург со 3:1, па баварскиот гигант се зацврсти на чело на табелата во Бундеслигата. Аугсбург поведе со 1:0, но Баерн покажа и ментална сила и успеа да направи целосен пресврт.

Мусијала погоди за 1:1 во 42 минута, а пресвртот беше комплетиран со погодокот на Хари Кејн во 60 минута. До крајот на мечот Аугсбург си постигна автогол и Баерн за потврда дека трите бода одат на контото на Баерн.

И покрај победата, гостите беа многу разочарани и тоа поради повредата која ја здоби Мусијала во 54 минута. Ѕвездата на Баерн се пожали на болки во бутниот мускул. Со помош на лекарите, Мусијала го напушти теренот, што е загрижувачки за тренерот на Баерн, Висент Компани.

На 8 април (вторник), Баерн на „Алијанц Арена“ ќе игра против Интер во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони, а многу веројатно дека Мусијала нема да биде подготвен за настап на овој важен меч за баварците.

 

- Оглас -

Најнови вести