На Баерн не му се пишува добро – тоа го кажуваат бројките од 68 отсто

Германскиот гигант Баерн Минхен нема многу радост пред доаѓањето на 2020 година. Најтрофејниот клуб во Германија ќе презими на третото место на табелата со 33 бода во 17 меча. Пред Баерн се Борусија Менхенгладбах со 35 бодови и лидерот Лајпциг.

Првенството во Германија ќе продолжи на 17 јануари, а тогаш пред Баерн е и голем предизвик. Четирите бода заостанување зад Лајпциг, не се премногу недостижни, но традицијата вели нешто друго. Во 68 отсто од досегашните сезони во Германија, тимот кој бил прв за Нова година, на крајот стигнал и до титулата. Тоа значи дека Лајпциг има одлична можност да ја сруши доминацијата на Баерн, но Баварците сигурно нема да се предадат.

„Разликата од четири бода не е голема, а Лајпциг треба да ни гостува во Минхен. Затоа имаме и основа да бидеме оптмисти“, вели извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

- Оглас -

Најнови вести