На баражот во Палермо ќе може да присуствуваат околу 1.300 македонски навивачи

Претставници на Фудбалските федерации на Македонија, Италија, Португалија и Турција, учесници во бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство 2022, одржаа онлајн состанок на кој беше разговарано за организациските предизвици за дуелите во март следната година.

Македонија во Палермо на 24 март против Италија ќе го одигра првиот натпревар за место во финалето за пласман на Мундијалот во Катар. Според правилникот, нашата федерација ќе може да смета на близу 1.300 влезници (пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“).

Нашата репрезентација ќе биде гостин и на евентуалниот финален натпревар доколку успееме да го елиминираме европскиот првак Италија. Во тоа финале, ако биде против Португалија, би гостувале на „Драгао“ во Порто, а доколку Турците обезбедат финале, Турската фудбалска федерација го одреди стадионот на Коњаспор за домаќин.

- Оглас -

Најнови вести