УЕФА го одреди Иштван Ковач за главен судија на четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.
УЕФА високо го цени Иштван Ковач, кој го судеше и ланското финале на ЛШ во кое ПСЖ го победи Интер и ја освои својата прва титула. Романецот е еден од најдобрите фудбалски судии на светот, но Барса и Атлетико во минатото имаа лошо искуство кога овој арбитер им делеше правда.
Судијата Ковач е вистинска ноќна мора за Јорганџиите од Мадрид. Тие никогаш не победиле на натпревар што го судел Романецот. Оваа сезона тој им судеше при ремито 1-1 во Истанбул со Галатасарај, каде што им покажа четири жолти картони на играчите на Атлетико.
Уште му го паметат поништениот гол на натпреварот од Светското клупско првенство против ПСЖ. По тој меч, тренерот Диего Симеоне му беше доста лут на Ковач.
Единствениот пат кога Ковач судел натпревар на Барселона во ЛШ, тие дома загубија со 1-4 од ПСЖ. Тој, исто така, го судеше и нивниот натпревар од Лигата на Европа против Наполи, кој заврши нерешено 1-1.
Значи, ниту Атлетико Мадрид, ниту Барселона досега не победиле на натпревар суден од романскиот судија.

