На Барса ѝ се брза со Фати да му ја зголеми клаузулата од 100 на 200 милиони евра

Ансу Фати ќе биде промовиран како постојан член на сениорскиот состав и за тоа во Барселона немаат дилеми, а им се брза да склучат нов подобар договор со него за да можат и да се заштитат со двојно повисока отштетна клаузула.

Фати има само 16 години и веќе одигра неколку одлични натпревари за тимот А на Барса, а и постигнуваше голови кога отсутни беа Меси и Суарес.

Момчето е супер талентирано и очекувано на Каталонците им се брза да го задржат со нов договор што подолго во клубот.

„Ел Мундо депортиво“ објави дека Фати ќе биде со многу повисока плата ако го потпише нодвиот договор, но и многу повисока отштета со нова клаузула, која ќе гласи на 200 милиони евра наместо досегашните 100. Секако, тоа би било своевидна заштита од евентуален предвремен трансфер во друг клуб, но како се одвива трансфер-пазарот во последно време и се плаќаат огромни суми за фудбалерите, не би било проблем за гигантите да ја платат отштетата и од 200 милиони евра за да го ангажираат Фати.

 

- Оглас -

Најнови вести