Тренерот на Барселона Кике Сетиен вели дека новото правило што е воведено во пост-корона ерата на фудбалот, да може да има по пет измени на меч не им одговара на Каталонците.
Шпанската Ла Лига ќе се врати на сцената на 11. јуни, а Барселона како прв фаворит за титулата со два бода предност пред Реал Мадрид ќе мора да се прилагоди на новитетот, кој е воведен како привремено решение.
„Нашиот стил на игра и одличната физичка подготвеност ни овозможува голем дел од мечевите да ги добиваме во финишот на мечевите. Ќе притиснеме во последните 15-20 минути, кога противниците ќе се заморат и честопати успевавме да ги освоиме бодовите“, вели тренерот на Барселона.
Правилото за пет измени го воведе ФИФА најмногу поради превенција за да се избегнат повредите во период кога има долга пауза од 2-3 месеци.
Предвидено е новитетот на светската куќа на фудбалот да важи до крајот на оваа календарска година.