Фудбалерите на Барселона продолжуваат да играат во одлична форма и забележаа нова победа во Ла Лига, откако вечерва ја совладаа екипата на Лас Палмас со минимални 1-0. „Каталонците“ иако доминираа, сепак многу потешко од очекуваното дојдоа до победата против противникот кој од 24-тата минута играше со човек помалку на теренот.
Единствениот гол, кој значеше и победа за Барселона го постигна Рафиња во 59-тата минута, после фантастичната асистенција на Жоао Феликс.
„Каталонците“ со оваа победа се доближија на само пет бода од лидерот Реал Мадрид, кој дополнително треба да го одигра својот натпревар од ова коло.