На Барселона и требаат пари за да го доведе Меси, составена е трансфер-листата

Екипата на Барселона е во големи финансиски проблеми, кои планира да ги реши со продавање на дел од фудбалерите. Крајната цел е на Ноу Камп да се врати Лео Меси.

За таа цел раководството на Барселона состави трансфер-листа со фудбалери кои треба да бидат продадена налето и да бидат обезбедени најмалку 100 милиони евра. Најпознато име на овој список е Ансу Фату, а тука се и Рафиња и Феран Торес. Доколку овие фудбалери бидат продадени, тогаш сумата сигурно ќе надмине 100 милиони евра, но на списокот има уште фудбалери.

Франк Кеси, Ерик Гарсија, Абде, Нико Гонзалез, Ленгле, Дест и Умтити се фудбалерите кои во наредната сезона нема да го носат дресот на “каталонскиот“ гигант.

Меси во Барселона ќе заработува по 13 милиони евра по сезона, а договорот ќе биде со важност до летото 2025-тата година. Сепак, со бонусите Меси може да заработи помеѓу 250 и 300 милиони евра за двегодишниот договор со Барселона.

- Оглас -

Најнови вести