На Барселона може да ѝ бидат одземени бодови !

Барселона лесно со 4:0 победи на гости кај Елче, клубот кој е закован на дното во Примера дивисион, но сега постои опасност каталонскиот гигант да остане без трите бода.

Од Елче поднеле службен приговор со Шпанската фудбалска федерација и поради настапот на Гави за Барселона. Според челниците на Елче, Гави немал право за настап.

За потсетување, шпанскиот суд го поништи ланскиот договор на Гави со Барселона, откако Примера дивисион поднесе жалба дека играчот бил предоцна регистриран поради финансиските проблеми кои ги има каталонскиот гигант. Од Барселона упатија жалба на оваа одлука, но беше одбиена и на Гави му беше вратен претходниот договор според кој, фудбалерот не е професионален и е дел од академијата на клубот.

Според Елче, Гави немал право за настап и токму поради тоа ја има упатено оваа жалба. Доколку биде усвоена жалбата на Елче, на Барселона може да ѝ бидат одземени три бода.

По 27 кола, Барселона е лидер во шпанското првенство со 71 бод, дури 12 повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид. Елче е последен на табелата само со 13 бода и сигурно ќе испадне од елитното друштво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести