Во 1998 година, кога Дејвид Бекам со Манчестер јунајтед остана без титула во Премиер лигата, едно фудбалско списание на Бекс за 2020 година му предвиде дека ќе биде проќелав и со разредени заби, дека ќе банкротира во 2005 година, а дека неговата сопруга Викторија ќе има 130 килограми.
Бекам во 2015 година беше прогласен за најзгоден маж на светот во изборот на магазинот „Пипл“ и прогнозата на списанието „Фор фор ту“ (4-4-2) јасно е дека нема да се оствари. Ниту Бекам е ќелав, ниту му паѓаат забите, а и не е баш сиромашен, се проценува дека има 390 милиони евра. Се разбира, и неговата 45-годишна жена нема ниту половина од „предвидените“ 130 килограми.
На „Твитер“ има шеги дека до 2020 има време и дека за Бекам оваа 2019 година ќе биде многу лоша штом догодина ќе изгледа како што предвидоa пред две децении.
Погледнете споредба како требаше да изгледа Бекам, а како изгледа во реалноста: