На Белгија ѝ одговара и реми против Швајцарија

Пресметките во Лигата на нации кои се играат денеска, ја прават понудата интересна и незаобиколна. Дербито е секако во Луцерн, каде што Швајцарија ќе ја пречека Белгија и ќе треба да ја победи, за да биде прва и да обезбеди место во плејофот. Квотите на денот на SPORT LIFE се од фудбалски мечеви од Лига на нации, но како дополнување, го уфрливме и тениското финале на сезоната и ви помагаме при прогнозирањето со мини-анализи.

Швајцарија – Белгија (20.45 часот)

После разочарувањето во пријателскиот дуел со Катар, Швајцарија со сите сили ќе се обиде да ја совлада Белгија, но на гостите им одговара и нерешено, и можеби ќе чекаат домаќинот премногу да се отвори и да го „закопаат“ со некоја контра. Белгија не е тим кој игра на 0:0, посилна е од Швајцарија, а и притисокот е врз домаќините. На СП во Русија беа последниот пораз на Белгија и последниот нерешен исход на Швајцарија.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)

 

Северна Ирска – Австрија (18 часот)

Од Лига Б, се игра само еден меч, кој нема никакво резултатско значење. С. Ирска сигурно испаѓа во Лига Ц, додека Австрија останува во втората лига, без шанса за напредок или назадување. Ова значи дека двете селекции се растоварени, и би требало да одиграат отворено на голови, за публиката во Белфаст.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.25)

 

Грција – Естонија (20.45 часот)

Овој меч е незгоден за типување. И Грците и Естонците играат тврди мечеви, без премногу голови, и тешко е да се очекува дека некој ќе победи со убедлива разлика. Ако не се смета дуел со Гибралтар, Грција никому не дала три гола цели три ипол години. Но, Естонија има само еден бод и можеби мотивите им се на нула. Ако дадат гол, лесно може да биде и 3+.

Предлог тип: 3+ (2.25)

 

Унгарија – Финска (20.45 часот)

Ниту едните, ниту другите, немаат којзнае каков напаѓачки потенцијал. Финска нема нерешено на последните осум меча, последен пат ремизираше 0:0 против Македонија на 23 март. Последните седум меча им се 0-2 гола. Финска оди во Лига Б, а Унгарија ќе игра за своите навивачи.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Ѓоковиќ – Зверев (19 часот)

Не е лесно да се победи еден ист противник двапати во четири дена, но Новак Ѓоковиќ има форма, квалитет и сила, повторно да го совлада Александар Зверев. Последните два меѓусебни дуели на овие тенисери завршија со убедливи победи на Србинот. На 14 ноември, беше 6-4, 6-1 за првиот светски рекет. Од Вимблдон наваму, Ѓоковиќ против Топ 10 тенисерите нема загубено ниту еден сет.

Предлог тип: 1 & >20.5 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести