На белградските дербија ретко паѓаат многу голови

3132 Партизан – Црвена ѕвезда (18.00 часот)

Актуелниот српски првак е во победничка серија од шест лигашки триумфи по ред, а Партизан освои само четири бода во последните четири кола, па Ѕвезда е таа која како лидер влегува во ова градско дерби. Во Партизан проблем е и бојкотот на фановите и тоа што редовно примаат голови, а Ѕвезда е тим кој има дадено дури 46 гола на 18 меча во Суперлигата на Србија. Притисокот секогаш е голем, затоа и ретко кога во нивните меѓусебни дуели има повеќе од два-три гола. Ѕвезда уште од февруари 2016 не победила на „ЈНА“, а тоа беше и последниот нивен меч со 3+ голови.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.79)

 

1304 Барселона – Алмерија (19.00 часот)

Барселона и без повредените Де Јонг, Гави и Педри, не би смеела да има проблем со Алмерија ако сака да остане во трка за титулата. Барса цели три месеца нема победено со повеќе од еден гол разлика и ова им е прилика конечно да надиграат некого и да го победат со резултат кој не е минимален. Алмерија нема ниту една победа во 17 кола, а ја има и најлошата одбрана во шпанската лига. И традицијата е на страна на Каталонците, тие како домаќини секогаш ја победувале Алмерија.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)

 

2859 Баер Леверкузен – Бохум (20.30 часот)

Бохум победи во две од последните три кола во Бундеслигата, па малку може да здивне во битката за опстанок, но тешко дека имаат реална шанса да приредат изненадување против лидерот. Леверкузен е тим со најдобри резултати во Европа сезонава, а ја има и најдобрата одбрана во лигата, па голем фаворит е и вечерва. Бохум не успеваше да даде гол на последните две гостувања на „Бај арената“.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.89)

 

2860 Ајнтрахт – Б. Менхенгладбах (20.30 часот)

Само Дармштад има примено повеќе голови од Борусија Менхенгладбах и ова е шанса за Ајнтрахт, кој игра многу променливо и петардата која ја испука во мрежата на Баерн му е блесок меѓу серијата порази пред и после тоа. Ајнтрахт дома речиси шест години не знае за победа над Борусија, а на последните пет меѓусебни дуели на овие екипи во Франкфурт секогаш двата тима даваа гол и најчесто дуелите завршуваа нерешено.

Предлог тип: ГГ & 1=2 (7.75)

 

2856 Тулуз – Монако (21.00 часот)

Тулуз има само две победи сезонава, но дури и 8 ремија во 16 кола, па се бори за опстанок во француската лига. Монако е трети, но загуби два од последните четири меча и сега има седум бода помалку од ПСЖ. Тулуз и Монако имаат ист број примени голови, но Кнезовите дадоа дури 17 повеќе, затоа и се горе на табелата. Монако даваше по два гола и победуваше на последните две гостувања во Тулуз.

Предлог тип: 2 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести