На Бетис и Барселона им се смешкаат гостински победи

1390 Лас Палмас – Бетис (19.30 часот)

Лас Палмас е во слободен пад, има серија дури од осум порази по ред, на овие осум средби постигнаа само еден гол, но опстанокот не им е загрозен. Бетис, кој освои дури 13 бода на последните пет меча, се бори да остане на позиција која води во Лигата на Европа. Лас Палмас на 35 меча има дадено 30 гола, што во просек е помалку од еден по натпревар. Бетис игра против традицијата, Зелено-белите од Севилја губеа на последните гостувања на Канарските Острови, а есеноска дома го победија Лас Палмас со 1-0.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.75)

 

2804 Копенхаген – Митјиланд (20.00 часот)

Ова е мегадуел кој може да го одлучи првакот на Данска. На три кола до крајот, двата тима се со еднаков број бодови, а реми најмногу им одговара на Нордсјиланд и Брондби, кои заостануваат по два бода зад Копенхаген и Митјиланд. Копенхаген е во малку подобра форма, тој е најефикасен тим во лигата, игра дома, па важи за фаворит. Но, Копенхаген малклу повеќе од две години не знае за победа против Митјиланд во лигашки меч. Митјиланд на сите три меѓусебни дуели во лигата сезонава даваше по два гола проти Копенхаген.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.97)

 

1011 Лидс – Норвич (21.00 часот)

Откако првиот меч заврши 0-0, вечерва мора да има победник во овој реванш-дуел од полуфиналето на плејофот за влез во англиската Премиер лига. На нивниот последен лигашки меч во Лидс во јануари падна само еден гол, победија домашните со 1-0, а Лидс есеноска славеше и на лигашкото гостување со 3-2. Лидс еден и пол месец нема победа на домашен терен, сега би било идеален момент да ги израдуваат фановите и да играат во финалето на „Вембли“.

Предлог тип: & 1-3 (1.85)

 

1391 Алмерија – Барселона (21.30 часот)

Алмерија е убедливо последна и одамна се знае дека испаѓа од првата шпанска лига. Барселона со победа ќе се зацврсти во второто место. Алмерија има примено 70 гола на 35 меча, што е просек од два по натпревар, а Барса има дадено 72, па статистички, гостите вечерва би требало да постигнат два гола. Барселона има два порази по ред на гостувањата во Ла Лига, но тоа беа дерби-дуели со Реал Мадрид и Жирона, Алмерија не е ни блиску од тој калибар на противник. Во минатата сезона Барса загуби во Алмерија, сега може да се реваншира.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.19)

 

1392 Реал Сосиедад – Валенсија (22.00 часот)

Лилјаците освоија само еден бод во последните четири кола и ова им е последна шанса да го фатат возот за Европа, но мора да победат против опасен тим, кој исто така има амбиција да заврши на шестото или седмото место, кои носат во Лигата на Европа, односно Конференциската лига. Валенсија е најнеефикасна екипа во горната половина на табелата во Шпанија, а и мечевите на Сосиедад не се претерано ефикасни. Валенсија на гости нема нерешено уште од октомври, кога исто така гостуваше во Баскија, тогаш кај Билбао.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.08)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести