5.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

На Бодо/Глимт му се даваат „големи“ 9 проценти шанси да го елиминира Интер

Математички е пресметано дека Интер има 91 процент шанси да влезе во осминафиналето на Лигата на шампионите, додека на нивниот противник Бодо/Глимт му се даваат само 9 отсто шанси.

Ако успее да го елиминира италијанскиот тим, Бодо би направил сензација, но тие веќе приредија едно чудо сезонава. По петтото коло во лигашката фаза, на Бодо му се даваа минимални 0,3 отсто шанси да биде меѓу 24-те најдобри. Но, норвешкиот првак во последните три кола успеа да ги победи и да ги шокира Манчестер сити и Атлетико Мадрид, а со Борусија Дортмунд одигра нерешено.

Мали шанси од паровите кои се играат вечерва му се даваат и на Карабах, само 3 проценти дека ќе го елиминира Њукасл. Англискиот тим има огромни 97 отсто шанси да оди понатаму, а ако помине, веројатно во осминафиналето ќе го заврши европскиот пат, таму ги чека Барселона или Челзи.

- Оглас -

Најнови вести