Бугарскиот политичар Бојко Борисов тешко ја преживеал елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант претрпе два порази од Арсенал.
Претседателот на партијата ГЕРБ и некогашен бугарски премиер и градоначалник на Софија даде интересна политичко-фудбалска изјава.
„И јас не можев да спијам бидејќи Реал Мадрид беа ‘истепани’ како кучиња. Но, не можам да протестирам против Арсенал“, изјави Борисов, кој е долгогодишен фан на Реал, а саркастичната изјава беше по повод најавените протести во Бугарија против приемот на една партија во Владата.