На Брајтон веќе му стана навика да го освојува „Олд Трафорд“, Нотингем продолжува да гази (Видео)

Манчестер јунајтед го доживеа и шесттиот пораз на последните седум првенствени натпревари против Брајтон, воедно и трет по ред на домашен терен од денешниот противник. Брајтон победи убедливо со 1-3, а се што успеаја да направат „црвените ѓаволи“ на овој меч е да израмнат на 1-1 преку Бруно Фернандеш од пенал.

Манчестер јунајтед после поразот од Брајтон останува на катастрофалната 13-та позиција на табелата во Премиер лигата со 26 бода, колку што има и Вест хем на 14-тата. На спротивната страна, Брајтон се искачи на деветтата позиција со 34 бода, еден помалку од осмиот Манчестер сити.

Најголемото изненадување оваа сезона во Премиер лигата, Нотингем форест, после ремито против Ливерпул, им се врати на победите и го совлада фенерџијата Саутемптон со 3-2 на домашен терен. „Шумарите“ сега имаат 44 бода и се израмнија со Арсенал на втората позиција на табелата.

Голеата на натпреварите кои се играа од 15 часот ја заокружија фудбалерите на Евертон и Тотенхем, меч кој заврши со резултат 3-2 за домашниот состав.

- Оглас -

Најнови вести