Винисиус жуниор кој на реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ред Бул Лајпциг (1:1), направи потег поради кој се најде на цел на критики, а сега на блиските им откри дека некои од нив тешко му паднаа.
Бразилецот може да биде среќен што не беше исклучен бидејќи го фати противничкиот играч за грлото и го турна на тревата и овој потег го осудија речиси сите. Меѓу нив беше и Предраг Мијатовиќ кој во финалето на ЛШ во 1998 година го постигна единствениот гол за победа против Јувентус.
Легендата на Кралевите во коментарот по мечот меѓу другото изјави дека дресот на Реал Мадрид не трпи такво однесување.
Критиките од Мијатовиќ тешко му паднаа на Винисиус жуниор и поради тоа им се пожалил на блиските луѓе во Реал.
„Не разбирам како некој како него, како поранешен играч на Реал Мадрид може да критикува некој кој сега игра за Реал и дава се за дресот на тој клуб“, биле зборовите на Бразилецот.