На бразилски тим му го нуделе Рибери, а претседателот на клубот не знаел дека тој уште игра

Претседател на клуб од бразилската Серија А, не ги следи баш многу случувањата во италијанската Серија А, бидејќи се изненадил кога му предложиле да го купи Франк Рибери. Французинот игра за Салернитана, а првиот човек на Сеара не знаел.

„Ми се јавија и ми го понудија Рибери. Не знаев дека тој уште игра“ – изјави Робинсон де Кастро, кој уште размислува дали ќе испрати понуда за 38-годишната легенда.

- Оглас -

Најнови вести