Голманот на јуниорскиот тим на Бриж, Сене Ламенс, со гол во 95-тата минута стана јунак на својот тим и најзаслужен што Белгијците го освоија второто место во групата од Лигата на шампионите и се пласираа во следната фаза.
Реал, кој го имаше обезбедено првото место, водеше со 2-1 на денешното гостување, Бриж изведе корнер и Ламенс го направи тоа што напаѓачите не можеа. Даде гол со глава за 2-2, а токму со тој бод Бриж се најде пред ПСЖ и Галатасарај, кои останаа на 6 бода.
https://twitter.com/i/status/1204779345358807041