На Бруклин, Сан Антонио и Орландо им се потребни победи

Филаделфија севентисиксерс – Бруклин нетс (00 часот)

Сиксерси ја завршија работата и ќе играат плејоф. До второто место на Истокот тешко дека може да стигнат, а третата позиција сè уште не им е осигурена, зад нив е Индијана со два триумфи помалку. Но, се чини дека ноќеска Бруклин ќе биде тимот кој ќе дојде до посакуваната победа бидејќи потребни му се најмалку уште три позитивни резултати во последните седум меча од регуларниот дел за да се најдат во разигрувањата.

Сезонава овие две екипи се пресметаа три пати, Бруклин во два наврати се радуваше, еднаш дома и еднаш на гости, што значи дека имаат победнички рецепт кога гостуваат во „Велс Фарго центарот“.

Предлог тип: 2 (3.45)

 

Детроит пистонс – Орландо меџик (00 часот)

Кошаркарите на Орландо влегоа во страшна серија и остварија шест последователни победи во кои редовно постигнуваа по 100 или повеќе поени. Серијата ги одведе до осмото место на Истокот, кое гарантира плејоф, но работата е далеку од завршена. Мајами им е веднаш зад пети, додека со нивниот денешен противник имаат еднаков број победи (37), но Детроит е едно место погоре поради еден пораз помалку во нивниот учинок.

Расположението и самодовербата може да бидат клучни сегменти за Орландо, како и за нивниот најдобар играч Никола Вучевиќ, да направат нова „магија“ и да дојдат чекор поблиску до посакуваната цел.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Лука Дончиќ (Мајами хит – Далас маверикс, 00:30 часот)

Словенецот се разигра во последните два меча и забележа два трипл-дабл учиноци против Голден стејт и Сакраменто. Дончиќ нема славено против екипата од Флорида, во единствената претходна пресметка сезонава претрпе пораз со 101:112. На тој меч Дончиќ беше солиден (18 поени и 12 скока), а сега посакува да се реваншира и воедно да им ги помати плановите на Мајами во борбата за плејофот.

Предлог тип: Л. Дончиќ >23.5 (1.90)

 

Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Денвер нагетс, 01 часот)

Харден обожува да игра против силни екипи и да покаже зошто всушност е МВП и е фаворит за повторно да ја освои наградата за најкорисен индивидуалец. Против Денвер сезонава играше трипати, а во два наврати се најде на победничката страна. Брадата во трите дуели против Денвер постигна 22, 30 и 32 поени (под просек), така што време е да одигра меч на кој ќе постигне повеќе од неговата граница сезонава.

Јасно е дека овој дуел е дерби на вечерта во НБА-лигата, овие две екипи ќе бидат и во самата завршница во плејофот бидејќи се со шампионски амбиции.

Предлог тип: Џ. Харден >35.5 (1.90)

 

Сан Антонио спарс – Кливленд кавалирс (01:30 часот)

Плејофот без Сан Антонио го губи сјајот, токму затоа Грег Попович има мисија да го одведе својот тим во разигрувањата. Речиси е сигурно дека ќе се најдат меѓу осумте екипи од Западот. Сан Антонио има биланс од 43 победи и 32 порази, така што деветтопласираниот Сакраменто (37-37) нема шанси да ги стигне Спарси.

Против Кливленд треба да бидат убедливи, а секоја нова победа ќе им ги зголеми шансите за подобар пласман на табелата бидејќи екипите кои се пред нив, Оклахома, Јута и Клиперс, не се недостижни.

Предлог тип: 1 хен. -11.5 (1.83)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести