На Чави не му се зборува многу за Барса, ќе извиси ли повторно шпанскиот гигант?

Легендата на Барселона, Хавиер Ернандес, или познат само како Чави, повторно даде загатлива изјава околу евентуалното преземање на кормилото на Каталонците по отказот за Роналд Куман.

„Сега сум посветен само на работата во Ал-Сад. Повеќе нема ништо да кажам на темата за Барселона“, изјави кусо Чави.

https://twitter.com/bylka613_/status/1453755663662915593?s=20

Тој е тренер на катарскиот клуб, а еднаш веќе се изјалови истата комбинација, Чави да биде тренер на Барселона. Пред да биде именуван Куман за тренер на Каталонците, Чави беше топ-фаворит, но тогаш по многу преговори, најави и сигурен договор, Чави се пишмани и остана во Ал-Сад.

Сега повторно е главен кандидат за жешкото тренерско столче во клубот во кој се прослави и беше еден од најдобрите фудбалери на светот.

Симпатизерите на Барселона во големо мнозинство сакаат Чави да биде новиот командант од клупата на гигантот, со тоа, според шпанските медиуми, се согласува и раководството, па повторно кај легендата е главниот збор, дали конечно ќе се врати во клубот со којшто како играч ги освои сите важни пехари во светот на фудбалот.

До именувањето на новиот тренер, функцијата вршител на должност на шеф на стручниот штаб ќе ја обавува Сержи Бархуан.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести