На чекор сме од историски трансфер: Ливерпул да му продаде играч на Евертон

Овој трансфер-период може да биде историски во англиската Премиер лига, барем според најавите на реномираниот „Скај спорт“. Најавите се дека за првпат од 1992 година може да се случи Евертон да доведе фудбалер од градскиот ривал Ливерпул.

Се работи за талентираниот 19-годишен крилен играч Бен Доак. Откако во 1992 година се формира Премиер лигата, Евертон никогаш нема доведено фудбалер на Ливерпул.

Доак минатата сезона играше како позајмен играч во Мидлсборо и одигра одлично, па сега се најавува негов трансфер во Евертон. За него во јануарскиот период се интересираа и Ипсвич и Кристал палас, но Ливерпул ги одби тие понуди.

Ако се направи овој трансфер, тоа ќе биде испишување на историски момент во Премиер лигата. Последен фудбалер кој од Ливерпул направил директен трансфер во Евертон е Гери Аблет, и тоа за сума од 800.000 фунти, но тоа се случи пред да се формира Премиер лигата во 1992 година.

Од друга страна, последен фудбалер кој директно од Евертон потпишал за Ливерпул е Абел Ксавиер во јануари 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести