На Челзи му поништија голови поради офсајд, а Кепа правеше чуда (Видео)

Екипите на Челзи и Ливерпул одиграа интересни 90 минути во европскиот Суперкуп, но кој ќе го крене трофејот, ќе се знае откако ќе одиграат уште 30 минути продолженија или можеби на пенали.

Двата тима постигнаа по еден гол, а во второто полувреме можеа и да победат. Во Челзи не се задоволни што им беа поништени два гола поради офсајд и што ќе мора да се помачат доколку сакаат да го освојат трофејот кој го зедоа и во 1998 година.

Од друга страна, Ливерпул во 76-тата минута имаше шанса преку Салах и Ван Дајк, но голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, имаше две фантастични одбрани.

- Оглас -

Најнови вести