На Челзи му се заканува милионска казна ако не го купи Санчо

Англискиот гигант Челзи неодамна изненадувачки го договори трансферот на крилниот напаѓач од Спортинг Лисабон, Џовани Куенда. Лондонскиот тим ќе плати најмалку 50 милиони евра за младиот Португалец.

На „Стемфорд бриџ“ летово од позајмица ќе се врати и бразилскиот тинејџер Естевао Вилијан, кој моментно го носи дресот на Палмеирас. Со доаѓањето на Куенда и Вилијан во Челзи, останува отворено прашањето што ќе се случи со Џејдон Санчо.

Челзи го доведе Санчо како позајмица од Манчестер јунајтед со обврска подоцна да го купи за сума од 20 до 25 милиони фунти, зависно од позицијата на табелата на која ќе заврши лондонскиот тим.

Сепак, Челзи моментално не покажува интерес да го задржи Санчо, кој во 2025 година имаше само една асистенција. Почнаа шпекулации дека Челзи ќе се откаже од овој трансфер. Сепак, дури и трансферот да биде откажан, Манчестер јунајтед добро ќе заработи затоа што во договорот стои клаузула според која Челзи ќе мора да му исплати значителна сума пари на Манчестер јунајтед ако го откаже трансферот на Санчо.

- Оглас -

Најнови вести