На Челзи не му досудија пенал, па се налути и ги згмечи Црешите од Борнмут (Видео)

Челзи одигра одлично прво полувреме на првиот ден по Боксинг деј и води со 2:0 против Борнмут, со што е на прагот на нова победа во Премиер лигата.

Интеренсо беше во 12-тата минута, кога имаше пенал за домаќините, но не беше досуден по фаулот на Смит над Пулишиќ.

Судијата Хупер не покажа на белата точка, а домаќините не се разочараа, туку напротив, го засилија темпото и набрзина дадоа два гола.

Моментот од 12-таата минута и влечењето за дрес на Смит во дуелот со Пулишиќ можете да го погледнете ОВДЕ.

Само четири минути подоцна, Кај Хаверц го постигна првиот гол за Челзи, а можете да го погледнете ОВДЕ.

Во 24-тата минута веќе беше 2:0 за домашниот тим кога погоди Мејсон Маунт, а тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.

Челзи е во серија од пет меча без победа во Премиер лигата и ако денеска успее да ја прекине црната низа, ќе се пробие на осмото место со 24 бода.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести