Репрезентацијата на Англија за играчи до 21 година славеше во дуелот против Чешка со 3:1 во првото коло од Европско првенство кое започна вчера. Денеска се одиграа вкупно четири меча, а беа постигнати 16 гола, односно четири погодоци во просек на средба.
Данска со 3:2 ја победи Украина во меч на кој Данска двапати беше во негатива. Украина водеше на полувреме со 1:0. Потоа Украина имаше предност и од 2:1 во 78-мата минута, но Данците не се предадоа. Во последните 10 минути Данска постигна два гола и стигна до победа.
Холандија се спаси од пораз во дуелот со Финска и одигра 2:2 Финска постигна два гола во првите 30 минути и имаше водство по првиот дел. Во вториот дел, Лалињата намалија на 1:2 со гол во 59-тата минута, а од пораз се спасија буквано во последните моменти, односно со погодок во 90+3 минута.
Најубедлива денеска беше Германија, која со 3:0 славеше над Словенија. Уште во првиот дел Панцерите поведоа со 2:0, а во второто полувреме постигнаа уште еден гол за потврда на убедливиот триумф.