На четири од последните шест меѓусебни дуели било 1:1, па зошто и сега тоа да не биде точен резултат

Челзи – Норвич (21:15 ч.)

Манчестер јунајтед синоќа не го искористи подарокот на Челзи од минатото коло, па лондонскиот тим сега сигурно нема да дозволи нов луксуз. Тимот од „Стемфорд бриџ“ е огромен фаворит против испаднатиот Норвич и дилемата вечерва ќе биде со колку голови разлика ќе победи Челзи.

Норвич сезонава во 17 гостувања има дури 13 порази, што доволно покажува кој треба да се радува и денеска.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.90) – квота на денот во Sport Life

 

Аталанта – Бреша (21:45 ч.)

Ако победат, домаќините ќе си обезбедат место во ЛШ и за следната сезона. Бреша само теоретски може да се спаси, но гостите тешко дека може да бараат гостински бодови во Бергамо, затоа што во претходните 16 дуели имаат освоено само 11 бодови.

Ова ќе биде и меч меѓу тимот со најдобар напад (Аталанта постигна 87 голови) и екипата со најслаба одбрана (Бреша прими 64 погодоци). Едноставно, јасно е дека домаќините треба да победат во меч на кој ќе има повеќе погодоци.

Предлог тип: 1&4+ (1.78)

 

ВБА – Фулам (18 ч.)

Меч со голем влог за двата тима. ВБА е на позиција која води во Премиер лигата, но Фулам заостанува само пет поени, па сигурно гостите нема да се предадат предвреме. Дури и да загуби, Фулам сигурно ќе игра во доигрувањето за влез во елитата, па затоа гостите треба да одат на сè или ништо, односно да се обидат да победат.

ВБА дома сезонава има само три порази во 21 меч, а тоа што е карактеристично за домаќините е отворената игра во која даваат многу погодоци, но и примаат голови. На четири од последните шест меѓусебни средби резултатот бил 1:1, а реално и сега е можно да се очекува реми со погодоци. За храбрите тука играме точен резултат 1:1, а за оние кои сакаат да играат на посигурно типот е гол-гол.

Предлог тип: 1:1 точен резултат (6.20)

 

Кардиф – Дерби (20:45 ч.)

Двете екипи се борат да бидат во Топ-6 за да останат во игра за пласман во Премиер лигата. Кардиф игра на свој терен, каде што загубил само трипати во 21 меч, додека Дерби е неубедлив на гости. Двете екипи и даваат и примаат доста погодоци, па најубаво е овој дуел да се игра на погодоци.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.93)

 

Бенфика – Гимараиш (22:30 ч.)

Бенфика ги разочара своите навивачи откако со слаби игри и резултати во мечевите по враќање на фудбалот едноставно му ја предаде титулата на Порто. Гимараиш е клуб кој има страв од Бенфика, па на последните 18 меѓусебни дуели Бенфика има 16 победи и само две нерешени. Гумараиш последен пат се радувал во мај 2013 година.

Треба да се следи традицијата на овој меч, па победата на домаќините е најреална, а статистиката покажува дека не треба да има повеќе од два гола.

Предлог тип: 1 (1.63)

 

- Оглас -

Најнови вести