Чиле – Перу (02.30 ч.)
Меч со голем влог. Победникот ќе се пласира во финалето на Копа Америка, каде што последен предизвик ќе биде Бразил. Чиле ја има улогата фаворит. Тоа е селекцијата која го освојуваше пехарот на последните две континентални натпреварувања на Јужна Америка.
Од последните пет меѓусебни дуели, на четири се радувал Чиле, но на последната пријателска средба беше 3:0 за Перу. На осум од последните девет меѓусебни дуели имало барем по три гола, па и сега може да се очекува отворена игра.
Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.20)
Њујорк – Сиетл (01 ч.)
Домаќините се во одлична форма, па Њујорк може да се пофали дека нема пораз на последните 13 средби. Кога се работи за мечевите на свој терен, Њујорк е единствен на Истокот што нема пораз. Сиетл на гости само еднаш се радувал во осум дуели, а гостите се и во мини криза губејќи на четири од последните пет средби. Токму тоа треба да го искористи Њујорк и да стигне до посакуваната победа.
Предлог тип: 1-1 (2.50)
Минесота – Сан Хозе (02 ч.)
Меч на кој се очекува да има многу голови. Двете екипи не мислат многу на одбраната, па често има голеада кога на теренот се овие екипи. На три од последните четири меѓусебни дуели било 4+. Минесота е голгетерски расположена, па на последните три меча даде дури 14 погодоци, но секогаш и нејзината мрежа се тресе. Слична е ситуацијата и со Сан Хозе.
Двете екипи се во борба за влез во плејофот на Западот, што го прави дополнително интересен дуелот, но сепак Минесота игра пред своите фанови и ја има улогата на фаворит.
Предлог тип: 1&4-6 (4.45)
Јамајка – САД (03 ч.)
САД е домаќин на Голд купот и сигурно нема да дозволи да биде шокиран од Јамајка, која во досегашниот дел од шампионатот како сојузник ја имаше и среќата. Сепак, за да се пласира во финалето, на Јамајка ќе ѝ биде потребно и знаење, а не само среќа.
Американците со перфектни четири победи стигнаа до овој меч, а доминацијата да биде поголема, одбраната на САД е гранитна и засега уште никој ја нема пробиено на овој турнир.
Предлог тип: T2 2+ (1.97)