Репрезентацијата на Данска убедливо ја победи Холандија со 39:27 во меч од главната групна фаза на Европското ракометно првенство. Со овој триумф Данска стигна до четири бода со што се истакнува како еден од главните фаворит за пласман во полуфиналето. Холандија останува без бодови во оваа група.
Уште пред мечот Данска ја имаше фаворитската улога, но противникот даде отпор во добар дел од средбата, па на полувреме беше само 18:17 за фаворитот.
https://twitter.com/i/status/1747670833168879939
Холандија даваше отпор до 40 минута, кога резултатот беше 23:22. Од тој момент следуваше фуриозна игра на Данска, која во следните 12 минути постигна 11 гола, а прими само еден, па на неколку минути до крајот од средбата, резултатот беше 34:23 за Данска и победникот беше решен.