33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

На Де Бројне му е рано да ја предаде титулата, постигна велемајсторски гол (Видео)

Кевин де Бројне сè уште не сака да му ја предаде титулата на Ливерпул и со велемајсторски гол од слободен удар израмни на 1:1 против Челзи.

Белгиецот погоди во 55-тата минута, а веднаш потоа Стерлинг можеше комплетно да го сврти резултатот во корист на Манчестер сити, но ја погоди стативата.

Челзи поведе со голот на Кристијан Пулишиќ во 36-тата минута, а овој меч е важен и за двете екипи и особено за Ливерпул.

Ако Манчестер сити не победи на „Стемфорд бриџ“ вечерва, тогаш Ливерпул ќе ја освои титулата, по 30 години пауза.

- Оглас -

Најнови вести