На денешен датум Ивица Осим со емотивна оставка ја расплака цела поранешна Југославија (Видео)

Ивица Осим пред точно 28 години, во Белград ја даде својата најемотивна изјава, поднесувајќи си оставка од кормилото на репрезентацијата на екс Југославија, затоа што неговиот роден град Сараево беше бомбардиран и државата се распадна. Осим својата оставка со солзи во очите, ја даде на 23 мај 1992 година, на три недели пред почетокот на Европското првенство.

На Југославија поради санкциите од Обединетите нации, не и беше дозволено да игра на тоа ЕП, па на нејзино место играше Данска, и судбината сакаше Данците да станат шампиони.

Говорот на Осим практично го означи крајот на репрезентацијата на СФР Југославија, иако на 28 мај, Југославија во Фиренца одигра пријателски меч со Фиорентина, а комбинираниот тим составен претежно од Срби и Црногорци, го водеше Миљан Миљаниќ. Веќе на 31 мај, УЕФА ја исфрли Југославија од европскиот шампионат.

„Си одам и готово е. Ова е мој приватен гест, вие можете да го протолкувате како сакате. Одлуката е моја, нема да објаснувам зошто ја донесов, многу добро знаете. Ако ништо друго, единствено што може да направам за тој град е, и вие да се сетите дека јас се родив во Сараево. Знаете што се случува таму“ – рече Осим, чии очи се насолзија.

- Оглас -

Најнови вести