На денешен ден Чембрлен постави рекорд кој веројатно никогаш нема да биде соборен

На денешен ден точно пред 61 година, легендарниот Вилт Чембрлен постигна 100 поени на еден натпревар во НБА-лигата.

Тоа се случи на натпреварот помеѓу тогашните Филаделфија вориорс и Њујорк никс. Воините на 2 март 1962 година славеа со 169:147, а Чембрлен постигна точно 100 поени, што ѝ до денеска претставува рекорд по број на постигнати поени на еден натпревар.

Таа сезона Чембрлен играше неверојатно, просечно постигнуваше по 50,4 поени по натпревар за 48,5 минути. Неговиот тим често играше продолженија, а уште еден неверојатен податок е тоа дека легендарниот центар само осум минути беше надвор од терените во целата сезона.

Во таа сезона, Чембрлен имаше и 25 скока по натпревар, но на крајот не ја освои наградата за МВП на сезоната, која замина во рацете на центарот на Бостон селтикс, Бил Расел.

- Оглас -

Најнови вести