Реал Мадрид слави годишнина од трансферот на Лука Модриќ, хрватскиот виртуоз кој сосема заслужено го доби статусот на клупска легенда по успесите кои ги оствари во изминатите 10 години.
На денешен ден, Модриќ го напушти Тотенхем во трансферот вреден 35 милиони евра, и никој не очекуваше дека овој ангажман ќе ја смени историјата на Кралскиот клуб. На неговата презентација на „Сантијаго Бернабеу“, имаше околу стотина фанови кои му посакаа добредојде, но денес магичниот Лука е една од причините што стадионот на Реал редовно се полни за да го гледаат Модриќ покрај останатите ѕвезди.
On this day 10 years ago, Luka Modric was presented as Real Madrid player. Since then, Modric will go to win 3 Leagues, 1 Copa del Rey, 4 Spanish Supercups, 4 European Supercups, 4 Clubs World Cups, 5 Champions League (3 of then back to back) and the Ballon d’Or. from soccer
Во првата сезона беше прогласен за најлош трансфер во Ла Лига, но потоа ситуацијата комплетно се промени. По повеќе од 400 меча во белиот дрес, Модриќ стана клупска легенда со освоени пет титули во ЛШ, од кои три беа во низа. Трипати се радуваше на титулата во Ла Лига, освои и четири шпански Суперкупа, исто толку и европски, како и четири трофеи во Светското клупско првенство. Модриќ бележи и еден трофеј во шпанскиот Куп, а воедно е последниот фудбалер на Реал Мадрид со освоена Златна топка, во 2018 година.