За навивачите на Црвена ѕвезда 10 април е денот кој нема никогаш да го заборават бидејќи е остварена една од најголемите победи во историјата на клубот, и тоа во походот кон титулата во тогашниот Куп на европските шампиони.
На денешен ден пред 32 години, Црвена ѕвезда во Минхен со 2:1 го совлада Баерн, во првиот полуфинален натпревар во КЕШ.
Германскиот тим поведе со голот на Волфарт во 24-тата минута, но Црвено-белите не се предадоа, доминираа на Олимпискиот стадион и успеаја да направат пресврт. Во последните моменти од првото полувреме, Црвена ѕвезда успеа да го израмни резултатот, а стрелец на голот беше најдобриот македонски фудбалер за 20-тиот век, Дарко Панчев.
Во вториот дел, Црвено-белите беа подобри и одличната игра ја крунисаа со гол на Дејан Савичевиќ.
Во реваншот во Белград беше 2:2, а Црвена ѕвезда во големото финале во Бари го совлада Олимпик Марсеј по подобро изведување пенали.