На денешен ден пред 15 години светот првпат го виде Меси (видео)

Датумот 16.10.2004 г. е посебно врежан во фудбалот. На тој ден, точно пред 15 години, за Барселона дебитираше 17-годишното момче Лионел Меси. Со „30-ка“ на дресот, во градското дерби против Еспањол тогаш тинејџерот Меси го замени Деко во 84-тата минута, а сè потоа е добро позната историја.

По 34 освоени титули со Каталонците, 692 натпревари, 604 погодоци и 253 асистенции, Меси несомнено е меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, а според многумина, и најдобар поради талентот и начинот на кој ја разбира и ја игра „прекрасната игра“.

Точно 15 години подоцна, на истиот датум Аргентинецот ќе испише нови страници. Денес ќе ја добие шестата награда Златна копачка во Европа и ќе биде единствен во таа категорија.

Во чест на оваа годишнина, спортскиот бренд „Адидас“ одлучи да изработи посебни копачки за Аргентинецот, кој е заштитно лице на германскиот бренд. „Немесис – 15 години Меси“ се викаат новите копачки кои Меси ќе ги носи на следните два дуели против Еибар во Ла Лига и против Славија Прага во Лигата на шампионите, а нема да биде изненадување ако се појави со нив и во претстојното Ел Класико.

 

- Оглас -

Најнови вести