Србија вечерва игра еден од можните два клучни натпревари за пласман на Европско првенство, а точно пред 21 година, тогашната Југославија во која беа Србите и Црногорците, гостуваше во Загреб на дерби против Хрватска за место на ЕП 2000.
Во пресрет на мечот, Дејан Савичевиќ го даде едно од најлегендарните и најгледани интервјуа на овие простори. Дејо зборуваше дека осум-девет години не бил во Загреб, дека не го интересира политиката, а еден случаен минувач го навреди и му дофрли дека е гом..
Савичевиќ не му остана должен и почна да го навредува „пургерот“ на начин кој и денеска се прераскажува. Најсмешното и најшокантно е што откако му заврши изливот на бес, Савичевиќ продолжи со интервјуто најнормално, како ништо да не се случило.
„Додека давав изјава, го видов човекот од 160-170 сантиметри во дрес на Хрватска, тренерка и црна јакна само со два заба во устата. И тогаш му ги кажав пцовките. Не сакам да ме паметат по ова. Новинарот кој ја снимаше изјавата ми ветуваше дека ќе го избрише делот со пцуењето. Можете да замислите нему што му кажав кога видов дека ме намести“, изјави Савичевиќ минатата година на јубилејот 20 години од снимката.