На денешен ден пред 25 години, Буфон дебитираше во Серија А

На 19 ноември 1995 година, 17-годишниот талентиран голман Џанлуиџи Буфон дебитираше на голот на Парма во натпревар од Серија А. Сега сме 2020 година, популарниот Џиџи е легенда, еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот и уште е активен.

Буфон за овие 25 години бранеше на 918 клупски меча за Јувентус, Парма и ПСЖ, а 176 пати го бранеше голот на репрезентацијата на Италија.

„Кога дебитирав во Серија А, светот беше комплетно поразличен од сега. Поминаа само 25 години, 9.132 дена и приказната уште не е завршена“, порача 42-годишниот Буфон преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести