Пред 64 години односно во 1958, експедицијата на Манчестер јунајтед која што се враќаше од натпреварот против Црвена звезда, доживеа катастрофална несреќа на аеродромот во Минхен.
„Бебињата“ предводени од Мет Базби важеа за еден од најмладите и најдобрите тимови кои што доминираа во англискиот и европскиот фудбал, на Маракана воп Белград одиграа 3:3 во рамките на втората четвртфина среда од Купот на Европските шампиони.
Тие од Белград, се упатија кон Минхен, од каде што, пак, со нов лет тргнаа кон Лондон. Иако своевремено германските власти кажаа дека се работи за пропуст на пилотите, сепак, подоцнежната истрага утврди дека на пистата имало големи наноси на снег, кои што не биле исчистени.
Поради тоа, авионот не успеал навремено да полета од пистата и се удрил во куќите. Загинаа осум фудбалери, додека голем број од преживеаните, мораа да поминат со месеци во болница.
Цела фудбалска Европа се солидализираше со Манчестер помагајќи им финансиски или пак со давање на фудбалери. Додека, пак Црвена звезда даде предлог, Манчестер јунајтед да биде прогласен за почесен шампион на КЕШ.