Денешниот ден, 7 јули е тажен ден за Реал Мадрид и фудбалот бидејќи пред девет години токму на овој ден почина Алфредо ди Стефано.
Ди Стефано во 2014 година почина во Универзитетската болница во Мадрид откако беше примен два дена претходно поради срцев удар.
https://twitter.com/realmadriden/status/1677228229411631108?s=20
Алфредо ди Стефано стана фудбалска легенда токму во периодот од 1953 до 1964 година, кога настапуваше за Реал Мадрид. Тој беше предводник на една од најдобрите екипи на сите времиња која освои пет титули по ред во тогашниот Куп на европски шампиони, една интерконтинентална титула, осум титули во Ла Лига и еден шпански Кралски куп.
Ди Стефано, кој е роден во Буенос Аирес, во кариерата двапати ја доби Златната топка, а во 1989 година му беше доделена Супер Златна топка за животно дело. Тој е единствен добитник на ова признание.
По завршувањето на играчката кариера, остана во Реал Мадрид како тренер и легенда на клубот. Беше и почесен претседател на Реал, а еден од стадионите го носи неговото име.