На денешен ден точно пред 19 години Арсенал испиша историја во Премиер лигата

Фудбалерите на Арсенал сезонава беа многу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата, но формата на Топчиите во клучните два месеца падна и заостанаа во трката со Манчестер сити. Според моменталната ситуација, навивачите на Арсенал ќе чекаат најмалку уште една година за да се израдуваат на трофејот.

Последен пат титулата од Премиер лигата пристигна во витрините на Арсенал во 2004 година. Тоа беше и историска титула за Топчиите затоа што ја освоија без ниту еден пораз. Таа генерација на Арсенал го доби прекарот „Непобедливите“ откако во 38 кола имаа дури 26 победи и 12 нерешени.

На денешен ден Арсенал на легендарниот „Хајбери“ го победи Лестер во рамките од последното 38 коло и историјата беше испишана. Никој претходно, а никој ни потоа не успеа во една сезона да заврши без ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести