На денот кога треба да се соочи со Шкендија, Тотенхем стартуваше со операцијата „Шкрињар“

Тотенхем денеска ќе ги одмери силите со Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките од третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Додека Петлите кројат план да го надиграат македонскиот претставник, оперативците на клубот се пуштија во акција да купат квалитетен стопер.

Изборот се падна на Милан Шкрињар, дефанзивецот на Интер, за кого Тотенхем е подготвен да издвои до 50 милиони евра. Веќе е воспоставен контакт со агентот на словачкиот одбранбен играч, додека пак Нераѕурите се надеваат дека ќе добијат барем 60 милиони евра за услугите на Шкрињар, со цел да ги реинвестираат средствата во Никола Миленковиќ од Фиорентина.

На Мурињо му е потребен дефанзивец од типот на Шкрињар откако летово го зауги Јан Вертонген, а опции во одбраната му се Санчес и Алдервејрелд.

- Оглас -

Најнови вести