На Денот на благодарноста, НБА-лигата избра десетмина кошаркари кои „заслужуваат поголема благодарност“

Денот на благодарноста во САД им донесе слободен ден на играчите во НБА, но Лигата на своите платформи издвои десетмина кошаркари на коишто им оддаде признание за нивниот придонес, кој обично останува во сенка бидејќи „сјајот и светлата на рефлекторите се наменети за други“.

Во текстот се истакнува дека примерокот на натпревари од првиот ден на сезоната до Денот на благодарноста можеби не е премногу голем, но дава „доволно докази кои покажуваат дека она што го гледаме од избраните играчи е добро и дека би можеле да следуваат уште повеќе добри работи“.

Моментот на избор на овие десетмина истакнати играчи се опишува како „контролна точка“ во текот на сезоната од 82 натпревари, која може да покаже кој напредува или кој е на чекор до славата.

Овие играчи се одбрани за нивниот придонес кој често останува незабележан, но е клучен за успехот на нивните тимови.

Избор на НБА лигата

ЛаМело Бол (Шарлот хорнетс)
Дајсон Даниелс (Атланта хоукс)
Бади Хилд (Голден стејт вориорс)
Тај Џером (Кливленд Кавалирс)
Скоти Пипен Јуниор (Мемфис гризлис)
Јакоб Пелтл (Торонто репторс)
Пејтон Причард (Бостон селтикс)
Франц Вагнер (Орландо меџик)
Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити тандер)
Ивица Зубац (ЛА клиперс)

- Оглас -

Најнови вести