Денвер нагетс – ЛА клиперс (02ч)
Дербито на вечерта се игра во Колорадо, а за првпат сезонава Денвер и Клиперс ќе ги одмерат силите. Двете екипи кои меѓу главните конкуренти од Западот за титулата, треба да приредат супер возбудлива пресметка иако во составот на Клиперс ќе недостасува еден од главните играчи, Пол Џорџ.
Неговото отсуство нормално може да го искористат домаќините, но не треба да заборават дека еднакво опасен, а можеби и поквалитетен е Кавај Ленард. Токму Канџата ќе го предводи тимот од Ел – еј со цел да се одржи победничкиот ритам. Клиперс загуби четирипати во последните пет гостувања кај Денвер, но оваа сезона Док Риверс располата со далеку поквалитетен ростер, така што тој учинок може да се смени.
Предлог тип: >222,5 поени (1.85)
Бруклин нетс – Атланта хокс (00ч)
Атланта без најдобриот играч Треј Јанг тешко дека може да се надева на добар резултат во Бруклин. И Нетс не се комплетни, но големо засилување ќе биде изненадувачкиот кам-бек на Кајри Ирвинг. Ексѕвездата на Кливленд многу веројатно ќе игра ноќеска по подолго време, а познат е по тоа што знае да блесне во секој натпревар кога се враќа од повреда.
Бруклин вчера стави крај на низата од шест порази совладувајќи го тимот на Мајами, додека Атланта е во кризен период и може уште сега да го запише 32-от овосезонски пораз.
Предлог тип: 1-1 (1.73)
Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс (00ч)
Мемфис се разигра во последно време, потврдува нивната актуелна форма во која бележат четири последователни победи со кои се наметнаа во битката за пласман во разигрувањата. За да се одржи тој ритам, Гризлите ќе треба да го совладаат и актуелниот вицепрвак кој не личи на себе без ѕвездите Кари и Томпсон.
Голден стејт повторно е во кризна форма со седумте порази во низа, но сезонава веќе славеа во Мемфис, а потоа на свој терен претрпеа реванширачки пораз.
Предлог тип: <116,5 поени во ПП (1.88)
Торонто репторс – Сан Антонио спарс (00ч)
Десеткуван ќе биде Торонто за овој меч, дефинитивно не играат Ернангомес и Ванвлит, а под знак прашалник се настапите на Гасол и Сиакам. Дефицитот на центарските позиции може да биде голем плус за Ламаркус Олдриџ, кој е еден од предводниците на Спарс покрај Дерозен.
Меѓутоа Сан Антонио не е во сјајна форма и тоа може да ја направи разликата ноќеска, но и Рептилите играат турбулентно, што значи дека неизвесноста може да владее до самиот финиш на средбата. Тексашкиот тим победи само еднаш во последните пет гостувања во Канада, па затоа Торонто ќе се обиде да го одржи позитивниот биланс.
Предлог тип: 1 хен -3,5 поени (1.90)
Феникс санс – Шарлот хорнетс (02ч)
Дуелите на овие две екип реводно се со висок број на поени. Тоа значи дека повеќе се потпираат на напаѓачкиот квалитет, отколку да го бранат кошот, па затоа и ноќеска Феникс и Шарлот треба да приредат шутерско шоу. На Стршлените итно им е потребна победа за да се прекине мини-серијата од три порази, додека Феникс ќе сака да врзе две победи по триумфот против Орландо.
Но, Шарлот триумфално мина на последните две гостувања во Аризона, односно славеше на пет од последните шест меча против Сонцињата.
Предлог тип: Т1 & T2 >102,5 поени (1.75)